Добивка од 43.000 денари за Теал од Тетово

74

teal tetovo 1

Компанијата Теал од Тетово во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 43.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, компанијата оствари добивка во висина од 340.000 денари.

Вкупните приходи на продажба на крајот на 2015 година достигнаа 159.205.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 44.558.000 денари, додека поголемиот дел од 114.647.000 денари е остварен на пазари во странство.

Компанијата Теал од Тетово се занимава со производство на алуминиумски профили и легури, додека главни производи се: алуминиумски профили и алуминиумски инготи.