Технометал Вардар со загуба од 467.000 денари во 2015 година

74

tehnometal-vardar

 

Компанијата Технометарл Вардар минатата година ја заврши со загуба од 467.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка од 193.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година имаа салдо од 88.732.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 60.495.000 денари, додека остатокот од 28.237.000 денари е остварен на странски пазари.

“Во анализираниот период се забележува намалување на оперативните приходи за 16%, при што приходите од продажба и услугите во однос на истиот период од минатата година се намалени за 26% и тоа приходите од продажба на домашен пазар се намалени за 11%, а приходите од продажба на странски пазар се намалени за 45%, додека останатите оперативни приходи бележат минимален пад од 3%“, стои во Прилогот кон неревидираните финансиски извештаи.

Основна дејност на компанијата е увоз и извоз, големопродажба, како и малопродажба на широк асортиман на производи од железо и челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехранбени производи. Исто така, компанијата нуди и услуги од областа на шпедиција и складирање, осигурување, туризам и угостителство.