Мобилна апликација со совети за правилна исхрана

58

mobileBaner

Организацијата на потрошувачи на Македонија, со поддршка од Фондот Anne Fransen, разви интернет страница, мобилна апликација и брошура под името Знаете ли што јадете? Совети за правилна исхрана.

Мобилната апликација – Правилна исхрана содржи семафор, којшто на корисниците им помага да одредат дали одредена храна или пијалак е препорачливо да се користат поретко или почесто.

Во оваа апликација има и калкулатор за прехранбениот профил на корисникот, што информира колкав е индексот на телесна маса, количество на енергија и основни прехранбени состојки што се потребни во текот на денот и на кој начин да се распределат хранливите состојки меѓу трите главни оброци во текот на денот.

Корисниците на оваа апликација имаат и кратки совети за правилната исхрана коишто ќе помогна за зачувување на сопственото здравје.

Апликацијата е достапна на Google Play, а наскоро ќе биде промовирана и апликацијата за iOS уредите.