Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1%, Алкохолни пијалаци за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%.
Цените на угостителските услуги во март 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- март 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,5%, додека во однос на декември 2015 година остана на исто ниво.