Аутомакедонија донесе предлог одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2015 година.
“Остварената бруто добивка според билансот на успех се утврдува на износ од 14.615.170 денари. Данокот на добивка се утврдува на износ од 888.076 денари. Износот што треба да се внесе во задолжителната општа резерва, што треба да се издвои изнесува 686.355 денари. Законска обврска е да се издвојува до 1/5 од основната главница на компанијата. Нето добивката за распределба се утврдува на износ од 13.040.739 денари“, стои во предлог одлуката.
Износот од 5.500.000 денари, како што се наведува, ќе се распредели на име дивиденда, додека износот од 7.540.739 денари ќе се распредели на име реинвестирана добивка.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 06.06.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 07.06.2016 година, додека датум на евиденција – пресек на акционерската книга според којашто се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2015 година е 01.09.2016 година.
Бруто износот на дивиденда за 2015 година за една обична акција изнесува 70,92 денари.