Ulla е направа на словенечки старт – ап, којашто има за цел да го потсетува корисникот дека е време да се напие вода, пишува Пословни дневник.
Ulla е мала направа којашто може да се постави на чаша или шише и која со сензорско светло постојано го потсетува корисникот дека е време да се напие вода. Ulla има задача само да го потсетува корисникот дека е време за вода, па доколку тој веќе го внел потребното количество вода, ќе го остави на мира.
Тоа што е важно за Ulla е тоа што нема апликација, ниту копчиња и кога нејзиниот сопственик не е во близина таа автоматски се гасне. Штом го направи првиот чекор, Ulla “се буди“, а батеријата трае шест месеци.
Оваа практична направа е прицврстена на силиконска трака, којашто лесно се става на чашата или шишето.
“Ulla изгледа како многу едноставен производ, но зад надворешниот изглед се крие амбиентално светло, сензор за температура и микроконтролер. Направивме производ што решава проблем и ја подобрува секојдневната рутина без никаков прекин“, вели Цица Гајиќ, која е дел од тимот на Ullа.
Сите оние кои се грижат за своето здравје, а поради секојдневните обврски забораваат редовно да пијат вода, може да ја порачаат Ulla по цена од 24 долари.