Пума со пад на профитот од 70%

69

PUMA collageГерманскиот спортски бренд Пума, во сопственост на PPR Group (матичната компанија на Gucci, Bottega Veneta, Brioni) соопшти дека бележи пад од 69,5% на нето – добивката за 2012, споредено со претходната година.

Во однос на прометот, минатата година брендот забележал пораст. Вкупната заработувачка за 2011 изнесувала три милијарди евра, додека во 2012 се зголемила на 3,27 милијарди евра. Во четвртиот квартал на минатата година Пума регистрирала загуба од 45 милиони евра.

PPR Group веќе подолго време се бори да ја реконструира оваа компанија и да ја промени нејзината поставеност како спортски бренд со внесување на новини во линијата.  Како и да е, брендот сепак заостанува зад ривалите како Адидас и Најк, особено во спортската облека.