Хотели Метропол донесе одлука за распределба на добивката за 2015 година.
“Се одобрува добивката по оданочување за 2015 година на Хотели Метропол во износ од 26.456.280 денари да се распредели на следниот начин: дел од добивката во износ од 1.322.814 денари за законски резерви од 5% и нераспределена (акумулирана) добивка во износ од 25.133.466 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.