Макпромет за три месеци прикажа добивка од 3,6 милиони денари

59

 

makpromet stip

Акционерското друштво Макпромет од Штип во првите три месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.638.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2015 година, компанијата прикажа добивка од 7.654.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од први јануари до 31-ви март оваа година беа 6.623.000 денари, додека една година претходно достигнаа 3.267.000 денари.

Макпромет е компанија што својата дејност ја извршува преку четири друштва со ограничена одговорност коишто се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели печива, графичка индустрија и трговија.