Дизајнерското студио Fallen Furniture со седишта во Англија и Велс креираа необична фотелја од авионски мотор. Станува збор за неупотреблив дел од моделот Boeing 737 што сосема добро си нашол втора намена.
Она што ја одликува оваа фотелја е полиран алуминиум однадвор, внатрешност обложена со црна кожа и лесно ротирање. На официјалната веб страна нема цена, но се претпоставува дека истата е прилично висока.
Луксузната фотелја има висина, должина и ширина/длабочина од два метри, што бара поголем простор во дневната соба за нејзино сместување.