Вкупна потрошувачка по енергенти во февруари

35

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во февруари оваа година, изнесува: 645 803 МWh електрична енергија, 13.346 мил. нм3 природен гас, 586.357 тони јаглен и 62.471 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија, во февруари оваа година, учествува со 70,8 % во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98,8% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.