Медикус хелп: Со активно вежбање, преку игра и забава, до квалитетен живот

362

Македонската компанија Медикус хелп беше домаќин на групата од програмата за развивање на претприемачкиот дух кај деца и млади ЦЕЕД ЕДУ.

Медикус хелп се занимава со дистрибуција на ортопедски помагала, помагала за движење, спортска опрема и фитнес, влошки и обувки, компресивен програм, перници и душеци и производи за нега и хигиена, а во рамките на компанијата функционира и Жена Центар, катче посветено на жените оперирани од карцином на дојка.

m1

Патот до успехот на компанијата, соочувањето со сите предизвици, упорноста и јасно поставената цел, на групата им ги пренесе сопственичката на Медикус хелп, Бобица Ханџиска и управителката Радмила Ханџиска.

m2

Пред младите зборуваа оперативниот директор д-р Обрад Росиќ, кој ја објаснуваше поставеноста и структурата на компанијата, а др. Билјана Здравковска Трајанова зборуваше за физичкиот развој кај младите, преку презентација на вежби со производи од палетата на Медикус хелп.

m3

Физиотопки со различен обем во зависност од висината на корисникот. Познати како пилатес топки, претставуваат идеално решение за зајакнување на мускулатурата на целото тело. Особено се интересни за децата, бидејќи на забавен начин успеваат да ја активираат мускулатурата на р’бетот и да превенираат деформитети на истиот.

m4

Столица со физиотопка е идеално решение за принудните положби на телото што ги имаме на работното место, времето поминато пред компјутер, телевизија или изработувајќи ги училишните задачи. Иако седиме, нашата мускулатура е активна, колената се под прав агол, додека р’бетниот столб е максимално растеретен од притисокот што го трпи кога е на статична подлога. Инаку, физиотопката не е фиксирана на столицата и може да се користи за вежбање.

m5

m6

Полутопките со боцки и ролните со боцки всушност се урбаните нерамни површини што му се потребни на детското стапало да ја активира мускулатурата и да го создаде потребниот свод кој е повеќе од битен за одржување на статиката на телото. Со зајакната мускулатура превенираме рамно стапало, а со тоа и деформитети на останатиот коскен систем на телото.

Овие помагала му овозможуваат на родителот или терапевтот одлична соработка со децата кои ги доживуваат потребните вежби како забавна игра.

m7

Комбинирајќи ги помагалата, можеме постојано да додаваме вежби кои ќе бидат нови и уште позабавни од претходните, како и можност за заедничка забава и моменти за паметење.m8

Можностите се неограничени…

m9

Во денешно време, кога технологијата толку брзо оди напред, а децата поголем дел од времето го минуваат пред компјутер, таблет, мобилен…, многу е важно да се физички активни. Со овие производи, децата преку игра ќе останат здрави и во добра форма.

m10