Промоција на новите Ford Mustang и Ford Focus RS

77

Promocija 1

Во продажниот салон на Ми – Да Гранд Моторс Скопје, денеска официјално беа промовирани првиот Ford Mustang за продажба во Македонија и новиот Ford Focus RS.

На промоцијата, генералниот директор на Ми – Да Гранд Моторс, Дритон Заири изјави дека Ford Mustang-от е икона во автомобилскиот свет, додека Ford Focus RS е возило коешто ги урна сите бариери кога се работи за високи перформанси.

На претставувањето на Ford Mustang-от, Кирил Утевски, продукт менаџер во Ми – Да Гранд Моторс, ги истакна спецификите на ова ремек дел од автомобил.

“Ова е душата и срцето на Ford, еден од глобално најпрепознатливите модели на компанијата, икона во светот на автомобилизмот, но и во американската култура воопшто, која до неодамна беше привилегирана да ужива во возењето на Mustang. Од 2015 година, овој автомобил е достапен и во Европа, каде големата желба на купувачите да го поседуваат овој модел на Ford резултираше со повеќе од 16.000 нови порачки. На светско ниво се продадени околу 140.000 модели“, вели Утевски.

promocija 2

Овој автомобил е достапен во две каросериски изведби: Fastback и Convertible. Ford Focus RS е најнов автомобил на компанијата, произведен во 2015 година и веќе достапен за македонските купувачи.

Дејан Цветковски, шеф на продажба во Ми – Да Гранд Моторс, потенцира дека ова возило е најдоброто и најекстремното Ford возило во класата hot hatch – back, дел од семејството Performance возила.

“Ford ја произведе третата генерација технолошки иновативниот, технички совршениот и најекстеремниот hatch – back, којшто може да се купи на пазарот. Focus RS е совршена комбинација на семејно возило со екстремни тркачки перформанси. Возило коешто е способно да направи сè што бара возачот, возило направено без ниту еден компромис“, вели Цветковски.

Развојот на Ford RS трае две години, каде сите врвни стручни лица, деноноќно, работеле и наоѓале решенија како да го произведат најдоброто можно возило.

Promocija 3