Прометот во трговијата на мало во текот на месец март, во однос на истиот период лани, бележи зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 17,9%, а реално за 18,8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 29,4%, а реално за 24,3%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 23,9%, а реално за 23,8%).