Joya Da Terra – еколошки чевли направени од рециклиран отпад и кокосови лушпи

73

822ff163846c9682e2c7cb4f0cbc8367Joya Da Terra се чевли изработени од ПЕТ-амбалажа и лушпи од кокосово дрво, пишува Inhabitat. За да ги создаде овие еколошки обувки, креаторката Синтија Тело од Бразил пред три години ја напушти својата работа како дизајнер во 7 for all Mankind во Калифорнија и целосно се посвети на создавање на чевли што нема да ѝ наштат на животната средина.

Целата производна линија на Joya е фокусирана на дематеријализација. Фабриката содржи сопствена пречистителна станица и сите текстилни материјали се направени од рециклирани ПЕТ- пластични шишиња.

all three

Материјалот од кокосови влакна во себе содржи антибактериски агенси обложени со слој од природен латекс којшто ги стимулира нервните завршетоци на стапалата и помага за правилно држење на телото.

Природниот латекс е составен дел и на ѓонот на чевлите и е обновлив материјал донесен од Амазонската шума без да нанесе штета на дрвјата, односно без нивно сечење.