И Нестле повлекува готови јадења поради коњско месо

55

Nestle-recall-horse-meat-jpgШвајцарската компанија Nestle, најголемата прехранбена компанија во светот ги повлекува тестенините со говедско месо од продажба во Шпанија и Италија откако анализите утврдија присуство на коњско месо во нив, објави Financial Times.

Нестле одлучи веднаш да ги повлече од продажба во Шпанија и Италија, равиолите и тортелините со месо кои се продаваат под името Buitoni beef ravioli и Beef tortellini. Уделот на коњско месо во тие производи е мал, но сепак е поголем од 1%, се истакнува во соопштението.

“Прехранбената безбедност не е во прашање, но погрешното етикетирање на производите не ги исполнува строгите критериуми кои потрошувачите ги очекуваат од нас“, велат од компанијата.

Nestle ќе повлече и замрзнати лазањи болоњезе произведени во Франција.