Акционерското друштво Жас од Скопје во првиот квартал од оваа година оствари загуба од 10.296.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 694.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2016 година беа 1.025.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 1.151.000 денари.