Бензините од ноќеска ќе се продаваат по цена пониска за половина денар, додека дизелот ќе се продава по стара цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 62 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 64 денари за еден литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година. Со тоа, малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 47 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 35,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,929 ден/кг и новата цена ќе биде 19,464 ден/кг.