Пиварница направи држач за лименки што се јаде и не го загрозува животинскиот свет

46

reklama

Пиварниците за пакувањето лименки пиво користат пластичен држач. Голем дел од таа пластика завршува во океаните и го загрозува животинскиот свет. Според истражувањето на Greenpeace, 80% од желките и 70% од морските птици внесуваат пластика во организмот.

Агенцијата We Believers од Њујорк и пиварницата Saltwater Brewery пронајдоа решение за овој проблем – замена за пластиката што се јаде, направена од остатоци од процесот на производство на пивото.

Saltwater Brewery е мала пиварница во Флорида, чиј таргет се сурферите, рибарите и луѓе кои го сакаат морето.

Малата пиварница се надева дека нивната иновативна технологија ќе ги инспирира и големите компании да направат промени.