Оилко КДА Скопје донесе одлука за распоредување на добивката по годишна сметка за 2015 година.
“Тековната добивка за 2015 година во вкупен износ од 63.057.496 денари се распоредува на: 3.152.875 денари за задолжителна резерва, 13.838.710 денари за исплата на дивиденда и 46.065.911 денари за инвестиции“, стои во одлуката.
Акумулираната добивка од претходните години, како што се наведува, се распоредува за исплата на дивиденда во вкупен бруто износ од 1.216.670 денари.