Климатски предизвик: Уште само една недела шанса да се освојат 10.000 долари

42

4fd44c20-a2df-4d51-948d-fb0ce522b5e8

Останува само уште една недела до крајот на еден од најкреативните предизвици во последните години кој што има за цел да го реши горчливото прашање на нашето време – како да се справиме со климатските промени и како најдобро да се прилагодиме на нив. Климатскиот предизвик кој што е отворен за сите граѓани на Република Македонија има за цел да ја развие иновативноста кај населението и истото да го поттикне во смислување на иновативни проекти. Наградата за најдоброто решение е 10.000 долари, а крајниот рок на поднесување на апликациите е 1 јуни.

Климатскиот предизвик кој што е поддржан од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во соработка и со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство може да ги опфаќа следните теми:

  • Борба против климатските промени;
  • Намалување на загадувањето;
  • Заштита на зелените површини;
  • Намалување на цврстиот отпад.

Целта на климатскиот предизвик е пред се од урбан карактер, бидејќи градовите денес се главни причинители на климатските промени, а истовремено се соочуваат со сериозни ризици, вклучувајќи поплави и екстремни временски појави.

За да се награди најиновативната идеја ќе биде доделен грант од 10.000 американски долари, од кои 1.000 долари ќе бидат доделени како парична награда, додека 9.000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси со цел да се овозможи развојот на идејата во прототип на решение.

Како еден вид на потврда за тоа колку е успешен овој проект и применлив во реалноста може директно да воочите од минатогодишниот климатски предизвик каде што двете победнички идеи – паметни влошки за обувки кои може да служат за полнење на телефони, како и серија на вирални видео клипови со цел подигнување на јавната свест за климатските промени – се веќе успешно развиени во прототипи.

Доколку се сметате за иновативна и креативна личност без двоумење пополнете ја електронската апликацијата која што може да се најде на следниов линк: http://odtebezavisi.mk

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1-ви јуни, 2016 година.