Во трговијата на мало во април оваа година, во однос на истиот период лани, има зголемување на прометот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 24,8%, а реално за 27%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,8%, а реално за 9,9%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 18,9%, а реално за 19,5%).