Деловните сопственици лани извршиле градежни работи од 32.042.108.000 денари

41

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, деловните субјекти кои се занимаваат
со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 32.042.108.000 денари. Од нив, 8.687.206.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2015 година се градени вкупно 2.724 објекти, а завршени се вкупно 2.824 станови со вкупна површина од 169.087 метри квадратни, од коишто 2.653 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 59,9 метри квадратни. По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, во Североисточниот итн.

Индивидуалните сопственици, во текот на 2015 година, извршиле градежни работи во вредност од 9.167.540.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во текот на 2015 година се градени вкупно 2.022 објекта и завршени се вкупно 2.473 станови со вкупна површина од 261.771 метри квадратни, од коишто 155 се станови во викенд – куќи со вкупна површина од 12.524 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 105,9 метри квадратни.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Полошкиот, во Југозападниот итн.