Над 1.000 бесправно изградени објекти во 2015 година

41

Во текот на минатата година, на територијата на Македонија се регистрирани 1.061 бесправно изграден објект, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 232 објекти за домување (21,9%), 163 доградби, надградби и адаптации (15,4%), 104 деловни објекти (9,8%), 82 гаражи (7,7%), 164 огради (15,5%), 18 скалила (1,7%), 26 тераси (2,5%), 11 летни тераси (1%), 78 настрешници (7,4%), 55 времени објекти (5,2%) и 128 помошни објекти (12,1%).

Најголем број бесправно изградени објекти (98,4%) се во приватна сопственост.