Зголемен бројот на туристи во април

18

Бројот на туристите во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 9,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во април 2016 година изнесува 57.462, а бројот на ноќевањата изнесува 118.111.

Бројот на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 16,6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 23,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7,9%.

Во периодот јануари – април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14,4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17,9%, а кај странските има зголемување за 12,5%.

Во периодот јануари – април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 27,7%, а кај странските има зголемување за 12,6%.