Градежната компанија Гранит донесе одлука за распределба на добивката остварена минатата година.
Според одлуката, објавена на Македонска берза, нето добивката во висина од 219.917.095 денари се распределува за: дивиденда во бруто износ од 61.553.933 денари, за награда за менаџерскиот тим и раководен кадар во бруто износ од 21.000.000 денари и остатокот од 137.363.162 денари за реинвестирање.
Износот на дивиденда за една акција во бруто износ, како што стои во одлуката за исплата на дивиденда за 2015 година, е 22,22 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 23.06.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 24.06.2016 година. Датум на евиденција, според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2015 година е 28.06.2016 година.
Исплатата на дивиденда ќе започне со 15.09.2016 година.