Футуристичка маса што ја затоплува и лади храната додека јадете

48

KRAM_WEISSHAAR_SMARTSLAB_TABLE_FOR_SAPIENSTONE_003_SIDE_SET

Дизајнерското студио Kram/Weisshaar создаде паметна маса – Smartslab table – која што вклучува керамички панели со интегрирани елементи за ладење и топлење со коишто може лесно да се управува со помош на сензори.

Smartslab е создадена со помош на врвна технологија и вклучува шест милиметарска керамичка плоча наречена SapienStone. Под неа се наоѓаат прстени што се загреваат со индукција за готвење на самата маса, како и кружни сензори за затоплување што ја греат храната до 42,5 степени.

Untitled

Масата исто така има елементи за ладење наменети за да ја одржат температурата на пијалоците доволно ниска. Според дизајнерите од Kram/Weisshaar, таа е сосема безбедна за користење и може слободно да ја ставите вашата рака и на местото што се загрева без да се изгорите.