Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година деловните субјекти што
се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11.633.786 илјади денари, што е за 27,8% повеќе во однос на претходната година.
Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има
групата Материјали за врзување со 3.422.460 илјади денари (29,4%), потоа следат групите
Потрошено гориво со 1.659.326 илјади денари (14,3%), Изолациски материјали и премачкувачи
со 1.332.028 илјади денари (11,4%), итн.