Компанијата Пакомак доби награда за најеколошка компанија за проектот 3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар – 3Д екобус на традиционалниот градски конкурс, којшто е дел од манифестацијата Денови на пролетта – Денови на екологијата.
Проектот има едукативна цел насочена кон подигање на еколошката свест на учениците и активирање на младите генерации во рециклирачката мисија која се води на глобално ниво.
Преку инерактивна 3Д обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра – тест над 49.000 деца имаа можност да научат повеќе за важноста од селектирање и рециклирање на отпадот, а едукативните еко пораки им ги пренесоа замислените еко – херои на Пакомак – Пластиција, Стаклиор и Хартиус. Забавната и интерактивна програма за деца се одвиваше во рамките на еколошкиот автобус кој ги посети сите основни училишта во Скопје и голем дел од државата.
“Проектот се покажа извонредно успешен и претставува позитивно искуство за децата, наставниците и за нас како еко компанија со јасна еко – визија. Ние сме особено горди што град Скопје го препозна и награди овој проект, затоа што проектот претставува влог во нашите деца и нивната иднина. Важно е децата да имаат високоразвиена еколошка свест за да живеат во иднина во почиста животна средина“, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.
Пакомак е непрофитабилна компанија која има за цел да остави печат на позитивни и социјално одговорни промени во општеството.
“Наградата за најеколошка компанија која ја добивме од Град Скопје ќе ја удвоиме и инвестираме во парк-шума на Водно, каде веќе имаме осмислено концепт за одбележување на патеките за рекреација и поставување на еколошки пораки кои ќе ги потсетуваат посетителите да се грижат за животната средина“, дополни Брдароски.
Општествената одговорност за Пакомак е бизнис императив и како успешна и современа компанија има влијание врз своите партнери, околината и врз целото општество. Пакомак на општествената одговорност гледа како на стратешка цел на долг рок, која има за крајна цел подобрување на целокупниот квалитет на живот.