Какво беше менито за Оскаровската вечер?

71

food2_2459641bДеветнаесетта година по ред менито за ѕвездите на гламурозната Оскаровска вечер беше подготвено од австрискиот популарен селебрити готвач Волфганг Пак. Јадења како мини Kobe бургери и пита од пиле во грне со црни тартуфи беа само дел од префинетиот кетеринг на Пак.

Менито за Governor’s Ball, односно забавата по доделувањето на Оскарите беше многу слично на она од минатата година. Пак го послужи “кремот” на Холивуд со неговата препознатлива но овој пат подобрена верзија на пита од пилешко декорирана со вкусни црни тартуфи.
oscars_2013_mini_kobe_burgers_wolfgang_puck_kevork_djansezian_getty_images_18g12km-18g12l2

Во луксузното мени беа исто така понудени и чаден лосос како предјадење, мини Kobe бургери со Чедар сирење и ремулад сос, понатаму Јапонска салата од праски, динстан црвен спарид во Таи сос, туна Niçoise и печен компир со кавијар

Oscars-Governors-Ball-Menu-2013
Вегетеријанската варијанта на менито вклучуваше салата од кељ со артичоки на скара во балсамов оцет, белуга кавијар со карфиол со млад зеленчук и толчени зачинети ореви.

oscars_2013_gold_dusted_chocolate_wolfgang_puck_kevork_djansezian_18g13c5-18g13c8
За десерт Пак припреми сладолед лисја, Конокорд грозје, како и познатите чоколадни Оскар статуетки попрскани со златен прав.