Романија и Бугарија последни по иновации во ЕУ

61

inovacii sijalica

Романија е на последно, а Бугарија на претпоследно место по иновации во Европската унија, покажуваат податоците на Европската комисија, пренесува Дневник.бг.

Од друга страна, земја лидер по воведување на иновации во ЕУ е Шведска. По неа следуваат Данска, Финска, Германија и Холандија. Шведска е на прво место во областа на човечките ресурси и квалитетните истражувања што ги спроведуваат универзитетите. Финска е лидер во финансиската регулатива, Германија во областа на приватните инвестиции во иновации… Забрзан развој на иновациите се забележува и во Латвија, Малта, Литванија, Холандија и Велика Британија.

Водечките места во областа на иновациите овие земји ги постигнуваат благодарение на комбинација од јавни и приватни инвестиции, добри партнерства меѓу компаниите, стабилно образование и одлични научници достигнувања.