Добивка од 6,7 милиони денари за Макпромет во првото полугодие од 2016 година

36

makpromet (1

Макпромет од први јануари до 30-ти јуни прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.724.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата го заврши со добивка од 8.074.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016 година изнесуваат 12.699.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 11.890.000 денари, додека остатокот од 809.000 денари е остварен на пазари во странство.

Минатата година, во истиот период, приходите од продажба имаа вредност од 8.025.000 денари.