RePlast – блокови за градење од рециклирана пластика

92

RePlast-Wall

Американскиот старт – ап ByFusion разви решение што рециклираната пластика ја претвора во блокови за ѕидање.

Станува збор за блоковите RePlast коишто се добиваат од компримирање на пластичен рециклиран отпад. Блоковите се со различен облик и густина, па може да се користат за ѕидање на различни објекти.

Создавањето на овие блокови ќе значи намалување на загадувањето, а од друга страна воопшто не е токсично за животната средина. RePlast блоковите досега неколку пати се употребувани за правење ѕидови и звучни бариери.