Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,8 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2,3 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се непроменети, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје од 2015 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се поповолни во споредба со претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од 2016 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21,4%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 16,1%, конкуренција во сопствениот сектор со 13,9% и нема побарувачка со 13,4%.