Пекабеско донираше млеко и конзервирана храна за луѓето погодени од поплавите

pekabesko donacija

Компанијата Пекабеско донираше конзервирана храна наменета за луѓето погодени од поплавите.

“Нашата компанија се приклучи на огромниот број хумани граѓани, компании и организации кои несебично донираат за настраданите во поплавите што го зафатија Скопје“, стои во соопштението на компанијата.

Пекабеско обезбеди 1.440 литри млеко, како и 960 килограми конзервирана храна и со тоа се вклучи во хуманата акција на Црвениот крст на Република Македонија за помош на лицата погодени од поплавите.

Од компанијата упатија апел до своите вработени и деловни партнери да се вклучат и да ја поддржат оваа хумана акција преку донирање на храна, облека или финансиски средства преку отворените телефонски линии и жиро сметки.