Прилепска Пиварница со голема донација од 25.000 литри флаширана вода и финансиски средства се вклучи во акцијата за помош на загрозените жители од подрачјата на Скопје, погодени од големата поплава.
По катастрофалното невреме што го зафати главниот град, однесе голем број жртви и остави зад себе нефункционални и руинирани домови, компанијата Прилепска Пиварница ја потврди својата општествено одговорна страна и се обиде да им помогне на најпогодените семејства.
Компанијата, секогаш филантрописки ориентирана, останува и понатаму будно да ја следи тешката ситуацијата во која се најдоа голем број на граѓани од нашата земја и во секој момент е подготвена да делува со секаква помош, онаму каде што тоа е неопходно.