Вирусите се поопасни наутро

78

virus

Фото: Pixabay

Според студија направена на универзитетот во Кембриџ, вирусите се многу поопасни ако ги инфицираат луѓето наутро, пишува BBC. Сознанијата објавени од страна на Академијата на науки во САД, PNAS, покажуваат дека овие микроорганизми се 10 пати “поефикасни” ако ја рашират инфекцијата наутро.

Истражувањата направени врз животни велат дека нарушениот биолошки часовник, без разлика дали е тоа од промена на работните часови или заморот, е причина за подложност на организмот кон инфекции. Според истражувачите, новите сознанија ќе отворат нови патишта во борабата против пандемиите.

Во испитувањата биле користени глувци заразени со вируси кои предизвикуваат грип и херпес вируси виновни за многу болести вклучувајќи и отворени рани. Оние глувци што биле инфицирани наутро биле 10 пати позаразни од тие што биле инфицирани вечерта.

Според експертите, ова покажува дека луѓето што работат во смени, односно имаат работни ноќи, па потоа одмораат, се поподложни на вирусни заболувања. Нивниот биолошки часовник е поместен, па затоа и помалку се способни да се борат против вирусите.