Фершпед прокнижи добивка од 33,2 милиони денари за шест месеци

36

fersped1

Компанијата Фершпед, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 33.290.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со добивка од 1.953.000 денари.

“Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни оваа година изнесуваат 1.298.597.000 денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2015 година бележат пад од 7%. Најголемо учество со 96% во вкупните приходи имаат приходите од продажба“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие достигнаа 1.348.196.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 1.297.172.000 денари, а остатокот од 51.024.000 денари на пазари во странство.

Фершпед се занимава со меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта. Компанијата се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство и игри на среќа.