Unilever ја презема шведската компанија Blueair

56

Unilever

Unilever потпиша договор за преземање на шведската компанија Blueair, произведувач на средства за прочистување и освежување на воздухот во домаќинствата.

Компанијата Blueair е основана пред 20 години и е еден од водечките играчи во премиум категоријата на прочистувачи на воздух на пазарите во Кина, САД, Јапонија, Јужна Кореја и Индија. Оваа инвестиција ќе го надополни постоечкиот бизнис на прочистување на водата на Unilever, стои во соопштението.

Условите на договорот не се објавени. Трансакцијата е предмет на вообичаените регулаторни и други одобренија.

Шведската компанија ќе продолжи да работи под истото име во повеќе од 62 земји во светот.