Nestlé го купува британскиот произведувач на медицински уреди Phagenesis

41

Nestle-580x390

Швајцарската компанија Nestle објави дека постигнале договор за купување на британскиот произведувач на медицински уреди Phagenesis, кој работи на третман за дисфагија, односно отежнато голтање, стои во соопштението.

Nestle Health Science за преземањето на Phagenesis однапред ќе плати договорена сума што не е објавена, а остатокот од парите ќе го исплаќа на рати. Британската компанија парите ќе ги користи за развој на Phagenyx, којшто е дизајниран да ја врати невролошката контрола на голтањето.

“Дисфагијата е стратешки фокус на Nestlé Health Science. Оваа иновација може да донесе нова димензија во рехабилитацијата на голтањето, што ќе ја смени перспективата на пациентите и на здравствените работници. Унапредувањето на интегрираниот пристап во справувањето со дисфагија, од скрининг, дијагностика и третман е клучна цел на Nestlé Health Science и здравствената заедница, кој се движи од подобрување на функцијата на голтање до модифицирана храна за подобра безбедност при голтањето”, изјави извршниот директор на Nestlé Health Science, Грег Бехар.

Дисфагија е состојба што најчесто се јавува кај лица кои претрпеле мозочен удар и може да доведе до сериозно опасни компликации.