Magination – магична игра со магнети

236

Magination е интересна “магична” игра со магнети, дело на тим од Норвешка, што ви овозможува да ја развиете креативноста смислувајќи ваши нови начини на играње. Освен тоа, може да градите структури онака како што ќе посакате со помош на магнетите

Играта содржи три сетови на магнетни парчиња, Single, Double и Triple, со коишто можностите за експериментирање се неограничени. Парчињата се дизајнирани да се поврзуваат меѓу себе на повеќе начини, со туркање, влечење, “пукање”, лепење и редење едно врз друго. Во сетовите се вклучени и предлози за тоа како може да се користи Magination.

За да ја развие играта, тимот работеше цели три години и спроведе своја кампања на платформата за финансирање Kickstarter, каде собра 80.000 долари. Сетот може да се нарача на нивната веб страна.