Жителите на српскиот град Панчево добија велосипедофон, односно полнач за мобилен телефон што се активира со движење на педалите на статичниот велосипед, пишува Екапија.
Идејата за ваков уред е на Секретаријата на заштита на животната средина на Градската управа на Панчево, а реализацијата е на професорот и учениците од Средното машинско училиште во градот.
“Нашата цел е Панчево преку континуирани и различни акции и проекти, да го ребрендираме во модерен европски град којшто се грижи за заштита на животната средина и којшто е лидер во осмислување на начините за заштита на околината“, изјави Катарина Бањаи, од Градската управа на Панчево.
Со движење на педалите, велосипедофонот ја добива потребната енергија за полнење мобилни телефони, а покрај во Градската управа тие ќе бидат поставени на главната автобуска станица и во Културниот центар во Панчево.