Wair – паметна марама што штити од загаден воздух

41

UntitledWair е првата паметна марама дизајнирана за велосипедисти, но и сите оние кои сакаат да се заштитат од загадениот воздух. Таа има вграден филтер, а може да ја носат сите без разлика на возраст и пол, пишува Ecouterre. Марамата е дело на Каролин ван Рентергем, којашто лично ги искусила негативните ефекти на загадениот воздух кога возела велосипед по европските метрополи.

Освен што го штити корисникот од загадениот воздух, марамата е совршен моден додаток за секое годишно време и може да се носи како што ќе посакате. Wair е поврзана со апликација што го следи индексот на загадување во реално време и го известува корисникот дали треба да ја стави марамата. Производот сè уште е прототип, а Каролин и уште двајца партнери планираат да започнат кампања за глобално финансирање од следниот месец.

Марамата воопшто не ја иритира кожата и може слободно да се дише преку неа. Wair се очекува да биде пуштена во продажба следното лето.