Letrons, компанија од Анкара, Турција, трансформираше автомобил BMW и со тоа светот го доби првиот Трансформер. Можеби не може да се движи како Optimus Prime и да ги елиминира негативците како Decepticons, но сепак изгледа спектакуларно.
Новиот Трансформер се вика Antimon и е црвен BMW автомобил под маска којшто може да се движи под агол од 120 степени, пишува Financial Express. Автомобилот е прилично скапа играчка што се контролира преку далечински управувач, а тоа може да се прави само кога функционира како автомобил. Освен Antimon, компанијата има направено уште четири други Трансформери и секој од нив изгледа како супериорен метален ѕвер, слично на оние од филмовите.
За да се направи првиот Трансформер, на инженерите им беа потребни осум месеци. Сепак, за да бидат комерцијално достапни овие ултра скапи гаџети, треба да поминат уште неколку декади. Цената несомнено би била неверојатно висока и ретко кој би можел да си ги дозволи.