Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август, се повисоки за 0,8% на месечно, а пониски за 1,4% годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во август 2016, во споредба со јули 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,1%.
Во август 2016, во споредба со август 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,8%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,4%.