Наскоро во БиХ ќе започне инсталација на соларни панели на шталски објекти, со што земјата ќе ги добие првите “соларни штали”.
Овој проект ќе го субвенционира Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство на Херцегбосанската жупанија, за што веќе објави јавен повик, пишува Akta.ba.
За кофинансирање на проектот, обезбедени се средства од 16.500 евра. Износот за кофинансирање од повикот е 80% од трошоците по објект.
Целта на овој проект е да се обезбеди пристап до енергија на оние шталски објекти што немаат електричен приклучок.