Македонска берза и бизнис магазинот Економија и бизнис најавуваат заедничка дебата на тема: Државите и пазарот на капитал.
Модератор на дебатата, како што се наведува, ќе биде главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.
Учесници на оваа дебата ќе бидат: Ханес Такач, помошник директор на Одделот за локална валута и развој на пазарите на капитал при Европската банка за обнова и развој, Лондон; Томе Неновски, професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје; Владимир Филиповски, професор на Универзитетот Кирил и Методиј и Зоран Јовановски од бизнис магазинот Економија и бизнис.
Дебатата ќе се одржи на први ноември во просториите на Македонска берза од 11 часот.