Uber планира да вози електрични автомобили во Љубљана

54

uber kola

Американскиот старт – ап за споделување на превоз, Uber, планира да воведе употреба на електрични возила во Љубљана, пишува Slovenia Times.

Словенечката престолнина го доби статусот Европска зелена престолнина 2016, па од таа причина Uber планира да воведе услугата Uber X. Тоа е услуга за споделување на превоз со користење на возила на електричен погон.

“Преговорите за влез во Словенија се во тек, а се надевам дека ќе завршат што е можно поскоро“, вели Роб Казам, директор на Uber за централна и источна Европа. Тој додаде дека земјата мора да направи законски измени пред да може Uber да влезе во Словенија. Актуелната законска регулатива не го поддржува влезот на Uber, како бизнис модел за транспорт.

Uber е присутен во повеќе од 80 земји во светот.