Компанијата Макошпед, од почетокот на јануари до крајот на септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 13.105.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од 2015 година, компанијата прикажа добивка од 9.974.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, од јануари до септември оваа година, беа на ниво од 54.106.000 денари. Од нив, на домашен пазар се реализирани 53.607.000 денари, додека извозот има вредност од 499.000 денари.
“Остварените вкупни приходи во периодот јануари – септември 2016 година, во споредба со резултатите од истиот период во 2015 година, бележат пораст од 5%. Во структурата на приходите, најголемо учество од 69,5% имаат приходите остварени од продажба на услуги за складирање, транспорт и шпедиција во четирите организациони единици и приходи од наемнини од сопствен имот со учество од 17%“, стои во Образложението на финансискиот резултат.
Макошпед се занимава со царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз – извоз, маркетинг и складирање.