Италија: Фонтана од којашто 24 часа бесплатно тече црвено вино

49

fontana-od-koja-tece-vino

Фонтана од која 24 часа бесплатно тече вино е поставена во италијанската областа Абруцо, пишува The Local.it.

fontana-vino

Од Fontana del vino тече црвено вино од локалната винарска визба Dora Sarchese. Фонтаната е заеднички проект на винаријата и непрофитна организација којашто ја организира и промовира турата од Рим до Ортона.

fontana-vino-italija

Оваа фонтана не е прва од ваков вид во Италија, но е различна по тоа што е бесплатна и отворена 24 часа. Останатите фонтани од кои тече вино вообичаено се активираат во посебни прилики, како што се локални фестивали.